Активности

Понеделник, 24 октомври 2018 година

Дваесет и осма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 28. седница, како матично работно тело го разгледа Предлогот  на  законот за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид (скратена постапка).

Во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

По горенаведениот Предлог на закон не беа поднесени амандмани, а Комисијата го проследи на натамошна постапка во Собранието. 

Click