Активности

Петок, 2 ноември 2018 година

Дваесет и втора седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на денешната 22. седница, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за државната статистика (второ читање).

Во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија на Предлогот на законот не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи.             

Комисијата за економски прашања го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click