Активности

Среда, 21 февруари 2018 година 

Единаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 11. седница, како матично работно тело по скратена постапка ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, поднесен од пратениците Диме Велковски, Ејуп Алими и Томислав Тунтев;
  2. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем, по скратена постапка.

На седницата на Комисијата во својство на овластен предлагач присуствуваше и го образложи Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, пратеникот Диме Велковски.

Претседавачот на Комисијата Велковски, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието, не се поднесени амандмани на Предлогот на законот.

Комисијата за транспорт, врски и екологија Предлогот на законот, го проследи на натамошна постапка во Собранието.

Исто така, Комисијата за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија го разгледаа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем и водеа претрес по амандманот на член 1 за менување на став (3) поднесен од пратениците Диме Велковски, Благојче Трпевски и Томислав Тунтев.

По Предлогот на законот беше изготвен Дополнет предлог во кој е вграден амандманот усвоен од страна на Комисиите.

Click