Активности

Четврток, 24 јануари 2019 година 

Групата за пријателство Франција-Македонија со поддршка на реформите во администрацијата

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република, оствари средба со Лилијана Танги, пратеничка од француското Национално собрание, потпретседателка на Комисијата за европски прашања, и Групата за пријателство Франција-Македонија, како и Жак Мер, потпретседател на Комисијата за надворешни работи на Националното собрание, а во придружба на амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние.

Со средбата претседаваше претседателот на Групата, Панче Иванов, а беа присутни и членовите: Лидија Тасевска, Весна Дамчевска-Илиевска, Даниела Рангелова и Фадил Зендели.

Претседателот Иванов, изрази благодарност како и убедување дека оваа средбата ќе придонесе за понатамошно продлабочување на соработката меѓу парламентите и двете земји.Француската пратеничка Танги изрази воодушевување од повторната средба и размена на мислења со колеги кои придонесуваат за збогатување на француско-македонското пријателство.Воедно искажа отворена поддршка за споделување на искуствата во поглед на организација на администрацијата, која е во рамки на потребните реформи кои треба да ги спроведе државата, зајакнување на врските и културната размена преку Франкофонијата, како и повик за обнова на збратимување на Франција со градовите на земјите од Балканот.

Потпретседателот Мер, очекува мотивацијата на Франција за пријателство со Балканот, биде уште посилна, со акцент на интензивирање на контактите преку културни и социјални проекти, со што ние би станале повидливи и поприсутни.

Француските пријатели повикаа на проширување на Групата надвор од границите на парламентот во Клуб на пријатели на Македонија, како и формирање на Групата за пријателство Франција-Балкан со вклучување и на останатите шест земји во регионот.

Амбасадорот Тимоние рече дека Франција е на страната на Македонија, а собраниските односи внатре се од суштинско значење за државата, интегрираме само функционални држави.

Соговорниците изразија поддршка за интензивирање на целокупната соработка, од економска, културна, образовна и инфраструктурна сфера, како и реализација на повратна средба во француското собрание годинава.

Click