Активности

Четврток, 14 септември 2017 година

Јавна расправа на тема: „Младинските организации како дел од Берлинскиот процес“

Денеска (14 септември 2017год.,), Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија одржа јавна расправа на тема: „Младинските организации како дел од Берлинскиот процес“.

Претседателот на Комисијата, г. Артан  Груби, го потенцира  значењето на Договорот за основање на регионална канцеларија за младинска соработка, со кој се трасира патот за основање на институционален механизам за регионална соработка на граѓанското општество, и се промовира мобилност, активно граѓанство и интеркултурно учење во духот на процесот на европската интеграција. 

Договорот е ратификуван од нашето Собрание, а произлегува од Заедничката декларација за основање на Регионална канцеларија за младинска соработка, популарно наречена RYCO, потпишана 2015 година во Виена, како дел од  т.н. Берлински процес.

Воведни обраќања по темата имаа директорот за млади и спорт  г. Дарко Каевски, амбасадорите на Италија, г. Карло Ромео, на  Велика Британија, г. Чарлс Гарет, амбасадорката на Австрија, г-ѓа Рената Коблер и претставникот на амбасадата на Франција, г. Себастијан Ботро Бонетер.

Во дискусијатата учество земаа пратениците: Ивана Туфегџиќ и Никола Поповски, како и претставниците на младинските организации: Блаже Малески, Дона Костуранова, Мартин Милошески, Матеј Маневски, Александра Филипова, Бојана Наумовска, Ѓоко Вукановски,Симона Младеновска и Бујар Лима.

Во расправата беше искажано задоволство од вклученоста на младите во рамките на Регионалната канцеларија за младинска соработка, со седиште во Тирана, како и за  потребата од поголема поддршка за работата на младинските организации, во рамките на органите и државните институции во земјата. 

На расправата беа поканети и учествуваа и членовите на Комисијата за образование, наука и спорт.

Click