Активности

Четврток, 13 јуни 2019 година

Јавна расправа по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри        

Комисијата за финансирање и буџет во рамки на денешната 54. седница одржа Јавна расправа по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри.

Јавната расправа ја отвори и со неа претседаваше претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, г-ѓа Лилјана Кузмановска. На седницата на Комисијата присуствуваа членовите и замениците на членовите на Комисијата за финансирање и буџет, пратеници, претставници на државните институции, генералниот директор на Државна лотарија, претставници на здруженија, асоцијации, обложувалници, претставници на вработените во секторот игри на среќа, универзитетски професори и претставници на невладиниот сектор.

Во дискусијата беа изнесени различни ставови, мислења и предлози по однос на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри.

На крајот на расправата, Комисијата, едногласно заклучи дека при разгледувањето на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во второ читање ќе се земат во предвид забелешките и предлозите изнесени на јавната расправа, а во насока на подобрување на текстот на одредбите на предложениот закон.

Click