Активности

Понеделник, 4 март 2019 година

Комисијата за култура донесе одлука за одржување надзорна расправа за Годишната програма на Министерството за култура

Комисијата за култура на денешната 21. седница едногласно донесе Одлука за одржување надзорна расправа на тема: Културните политики и начинот на донесување на Годишната програма на Министерството за култура за проекти од национален интерес, со посебен осврт на реализацијата на Програмата за 2018 година.

На надзорната расправа ќе бидат поканети сведоци од Министерството за култура, како и претставници од стручната фела и невладини организации да дадат искази и одговори во врска со практичната примена на одредбите од Законот за културата кои се однесуваат на носењето на Годишната програма на Министерството за култура.

Датумот, времето на одржување и листата на учесници на надзорната расправа ќе бидат дополнително утврдени, согласно Законот за Собранието и чекорите за одржување надзорна расправа.

Click