Активности

Понеделник, 24 јуни 2019 година, Анкара

Конференција на тема: „Миграционите движења и хуманитарните и безбедносни предизвици“

Во рамките на Конференцијата на Парламентарното Собрание на Медитеранот (ПСМ), што се одржа од 19 до 21 јуни 2019 година во Анкара, Република Турција свое учество имаше и парламентарната делегацијата на ПСМ на Собранието на Република Северна Македонија во состав: Емил Димитриев - шеф на делегацијата и Чедомир Саздовски, член на делегацијата. 

Темата на оваа конференција опфати повеќе аспекти околу миграционите движења во земјите кои се претежно зафатени со воени или економски кризи како и хуманитарните и безбедносни предизвици со кои се соочуваат овие луѓе и земјите во кои престојуваат. 

На оваа конференција свои обраќања имаа претседателот на ПСМ г-ѓа Алија Буран, а од страната на домаќинот на овој настан се обратија и претседателот на Големото Народно Собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп како и министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу, поради што и овој настан беше проследен со голем интерес од страна на медиумите и јавноста во Анкара. На маргините на оваа конференција кратка средба со претседателот на Големото Народно Собрание на Р.Турција Мустафа Шентоп имаше и шефот на Македонската делегација во ПСМ, Емил Димитриев при што од страна на претседателот Мустафа Шентоп беа упатени поздрави и поддршка до Република Северна Македонија. 

На крајот на конференцијата со завршни заклучоци се обрати претседателот на ПСМ г-ѓа Алија Буран која потенцираше дека ваквите средби се важни и корисни за земјите од медитеранот и пошироко и придонесуваат да се слушнат и антиципираат проблемите со кои се соочуваат популациите кои се опфатени со овие миграциони движења. 


Click