Активности

Петок,  23 февруари 2018 година

Конститутивна седница на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата

Денеска Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата во Собранието на Република Македонија одржа конститутивна седница. Целта на групата е да се застапува за заштита и унапредување на правата на ЛГБТИ лицата во Република Македонија.

За координаторка беше едногласно избрана пратеничката Маја Морачанин од ДОМ, а за заменик-координатор Павле Богоевски, независен пратеник, кои имаа и свои поздравни обраќања.

Во Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата членуваат вкупно 13 пратеници од различни политички партии: Маја Морачанин од Демократска обнова на Македонија, Павле Богоевски, независен пратеник, Бранко Маноиловски од Демократска унија за интеграција, Лилјана Поповска од Демократска обнова на Македонија, Ирена Стефоска и Ивана Туфегџиќ независни пратенички, Петар Атанасов, Јагода Шахпаска, Александар Кирацовски и Славица Шуманска-Митева од Социјалдемократски сојуз на Македонија, Јулиана Николова и Никица Корубин од Либерално демократска партија и Соња Мираковска од Нова социјалдемократска партија. 

Покрај пратениците на состанокот присуствуваа претставници на невладиниот сектор од оваа област и претставници на дипломатскиот кор во земјата.

Драгана Дрндаревска од Коалиција Маргини одржа презентација на тема  „Процената на знаењата, ставовите, потребите и практиките на пратениците во Собранието на Република Македонија во врска со човековите права на ЛГБТИ луѓето и заштитата од дискриминација“.


Click