Активности

Вторник, 19 септември 2017 година

Конститутивна седница на Секцијата на Собранието на РМ во ПС на Франкофонијата

На 18.09.2017 година, беше одржана Конститутивната седница на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата со која претседаваше претседателот на Собранието на Република Македонија, м-р Талат  Џафери.

На оваа седница, за претседател на Секцијата беше избран г. Џеват Адеми, за прв потпретсдеател на Секцијата беше избрана г-ѓа Весна Дамчевска-Илиевска, за потпретседател  на Секцијата г. Ферид Мухиќ  и за членови на Бирото на Секцијата беа избрани г-ѓа Никица Корубин и г-ѓа Татјана Прентовиќ.

Истовремено, г. Џеват Адеми, г-ѓа Весна Дамчевска-Илиевска, г. Ферид  Мухиќ, г-ѓа Никица Корубин се и членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата.

Click