Активности

Вторник, 29 јануари 2019 година

Осумнаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 18. седница, како матично работно тело, во скратена постапка, ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за основање Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството (Поднесен од: Александар Кирацовски, Реџаиљ Исмаили, Татјана Прентовиќ, Јусуф Хасани);
  2. Предлогот на законот за изменување на Законот за земјоделство и рурален развој (Поднесен од: Татјана Прентовиќ, Реџаиљ Исмаили).

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше Благе Цветковиќ, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, нема поднесено амандмани по Предлог-законите 

Во дискусијата по првиот Предлог-закон учествуваа пратениците Димитар Стевананџија, Панчо Минов, Павлинче Честојнова, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски, додека по вториот пратениците Љупчо Димовски и Панчо Минов.

По расправата, Комисијата ги проследи двата Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието. 


Click