Активности

Понеделник, 29 октомври 2018 година

Почеток на соработката со новата Оперативно-техничка агенција 

Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана, оствари средба со директорот на Оперативно-техничката агенција, Зоран Ангеловски.

Како што рече претседателот на Комисијата, Емил Димитриев, ова е прва средба меѓу Комисијата и директорот на ОТА, со цел запознавање и начин на идна заедничка соработка со оваа нова, но важна институција.

Директорот Ангеловски информира дека е избран на оваа позиција на 7 септември, а ОТА официјално треба да започне со работа од 1 ноември годинава. Во својата изјава, тој нагласи дека не постои незаконско следење на комуникациите.

Оперативно-техничката агенција, која моментално се соочува со објективни проблеми, како буџет и кадар, ќе биде транспарентна во своето работење и во комуникацијата со четирите собраниски комисии надлежни за нејзина контрола. 

Click