Активности

Вторник, 24 октомври 2017 година, Сараево

Подготвување на национална стратегија во полза на вработувањето, одржливиот раст и социјалната правда

Од 24 до 26 октомври 2017 година во Сараево, Босна и Херцеговина, се одржува 30. Регионално собрание Европа на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ), на која учествуваат пратениците: г-ѓа Весна Дамчевска-Илиевска, прв потпретседател на Секцијата; г. Ферид Мухиќ, потпретседател; г-ѓа Никица Корубин и г-ѓа Татјана Прентовиќ, членови на Делегацијата на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата.

На оваа сесија на Регионалното собрание Европа на Парламентарното собрание на Франкофонијата учествуваат делегациите на  31 земја и региони, членки и наблудувачи на  ПСФ.

Централна тема на оваа сесија е Подготвување на национална стратегија во полза на вработувањето, одржливиот раст и социјалната правда. 

Денеска, на свеченото отворање на сесијата со поздравни говори на учесниците им се обратија г. Жак Шањон, претседател на Парламентарното собрание на Франкофонијата; г. Жан-Пол Вал, шеф на Мисијата Европа; г-ѓа Борјана Кристо, претседател на Претставничкиот дом на Босна и Херцеговина; г. Огњен Тадиќ, претседател на Домот на народите на Босна и Херцеговина. 

На оваа сесија со свои настапи учествуваa и бројни експерти од областа на вработувањето, пазарот на трудот, економскиот раст и борбата против сиромаштијата.

Членовите на македонската Делегација остваријa билатерални средби со нивните колеги од националните парламенти и размениja мислења за прашања од заемен интерес.

Click