Активности

Четврток, 14 јуни 2018 година

Повеќе информации за законодавната власт за слепите и слабовидните лица 

Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија, во соработка со Националниот сојуз на слепите, организираше тркалезна маса, на која со претставници на здруженијата на слепи и слабовидни лица од повеќе градови од Република Македонија, беа споделени информативните материјали за Собранието на Брајово писмо.

Дополнително, материјалите беа изработени во аудио формат и објавени на веб-страницата на Собранието http://www.sobranie.mk/aktivnosti-na-parlamentarniot-institut.nspx.

На ваков начин, Собранието придонесува кон промовирање на култура на отвореност на законодавната власт и вклучување на сите категории на граѓани и здруженија.