Активности

Среда, 26 јуни 2019 година

Презентиран Извештајот од самопроценката на родовата сензитивност на Собранието

Во рамките на програмата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за поддршка на демократските реформи и институционално зајакнување на Собранието, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите вчера одржа работна средба на којашто се презентираше Извештајот од самопроценката на родовата сензитивност на Собранието. 

На состанокот поздравни обраќања имаа: Фросина Ташевска-Ременски,  потпретседателка на Собранието на Република Северна Македонија; Даниела Рангелова, претседателка на Комисијата  за еднакви можности на жените и мажите; амбасадор Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Пратеници и пратенички, претставници на Службата, и граѓанскиот сектор  дискутираа за резултатите, наодите и препораките од самопроценката на родовата сензитивност на Собранието. 

Учеството на жените во јавниот и политичкиот живот, нивното влијание во работата на законодавниот дом, родово балансираната Служба на Собранието на Република Северна Македонија и родово сензитивно законодавство и надзор на  родовата еднаквост беа областите опфатени со самопроценката за кои се дебатираше. 

Сите учесници на работната средба беа едногласни дека е постигнат одреден напредок и дека Собранието треба да продолжи да работи на создавање на родово сензитино Собрание кое ќе биде модерна институција која ќе ги допира и одсликува потребите за еднаквост во модерното живеење.

Click