Активности

Понеделник, 4 февруари 2019 година 

Работна средба на претседателот Џафери со амбасадорот на Романија, Н.Е. Виорел Станила

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, на работната средба со романскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Виорел Станила разговараше за редовните активности на законодавниот дом во периодот по усвојувањето на уставните измени и актуелното заокружување на следните фази кои произлегуваат од Договорот помеѓу нашата држава и Република Грција.

Амбасадорот Станила истакна дека Романија, која е силен поддржувач на европскиот проект кој треба да одговори на денешните предизвици, исто така нагласи дека во однос на Процесот на проширување на ЕУ, Романското претседателство ќе посвети посебно внимание на Западен Балкан, со цел да се обезбеди стабилност, безбедност и развој на непосредното соседство на ЕУ. Европската перспектива за партнерите во регионот мора да се унапредува, врз основа на нивните сопствени заслуги и на поставените критериуми.

Претседателот Џафери потврди дека верува дека како држава ги изодуваме последните чекори пред конечното исполнување на условите кои ќе овозможат постигнување на стратешките цели на нашата земја, а тоа е полноправно членство во НАТО и ЕУ.

Click