Активности

Среда, 30 јануари 2019 година

Работна средба на претседателот Џафери со италијанскиот амбасадор Н.Е. Карло Ромео

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери имаше работна средба со италијанскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Карло Ромео. Амбасадорот му честиташе на претседателот Џафери за успешното усвојување на уставните измени и потврди дека сега откако и грчкиот парламент го спроведува својот дел од Договорот од Преспа, патот на Република Македонија кон полноправно членство во НАТО и отворање преговори со ЕУ е навистина блиску и се наѕира.

На тоа претседателот на Собранието Џафери потврди дека со тоа ќе се исполнат стратешките цели на Република Македонија за кои работеле напорно сите политички субјекти меѓутоа, неспорна била и помошта и поддршката од нашите меѓународните пријатели. Амбасадорот Ромео уште еднаш повтори дека Република Италија цврсто стои зад овие аспирации на Република Македонија и дека и во иднина ќе продолжи да дава безусловна поддршка во остварувањето на овие цели.

Средбата беше во рамките на предвидените средби со амбасадорите на земјите членки на НАТО.

Click