Активности

Петок, 1 февруари 2019 година

Работна средба на претседателот Џафери со полскиот амбасадор Н.Е. Војциех Тицињски

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска имаше работна средба со амбасадорот на Полска во Република Македонија, Н.Е. Војциех Тицињски. По честитките од страна на амбасадорот за успешно завршениот дел од обврските од Преспанскиот договор од двете страни на овој договор, преостанува само да се чека денот кога ќе се заврши процесот на ратификација на Протоколот за членство во НАТО од страна на сите земји членки на овој сојуз. Според темпото со кое се одвива оваа фаза, предвидувањата се дека Македонија кон крајот на оваа година а почетокот на следната, веќе ќе биде полноправна членка на оваа организација.

Се разбира дека помошта и поддршката од нашите меѓународни пријатели е непроценлива и за тоа претседателот Џафери изрази благодарност и признание. Во однос на тековните активности на законодавниот дом, тој го увери соговорникот дека Собранието  ќе продолжи до крај да ги исполнува обврските кои ги има како претставнички дом на граѓаните и дом на демократијата.

Амбасадорот Тицињски истакна дека Полска е цврсто решена да ја поддржи Република Македонија во исполнување на нејзините стратешки цели, односно да биде полноправна  членка на ЕУ и НАТО сојузот.

Click