Активности

Петок, 1 февруари 2019 година

Работна средба на претседателот Џафери со унгарскиот амбасадор Н.Е.Лазло Иштван Дукс 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери на работната средба со амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Н.Е. Лазло Иштван Дукс, покрај заедничката констатација за успешно завршените обврски од Преспанскиот договор, за кои амбасадорот упати срдечни честитки, разговараа и за другите тековни активности кои се дел од надлежностите на законодавниот дом. 

Неизбежно беше да се спомене фактот дека Република Македонија, со сите усилби и напори што ги вложи на ова свое патешествие на исполнување на стратешките определби од осамостојувањето на земјата, несомнено, сега е подготвена да ги жнее успесите од овие историски одлуки. 

Претседателот Џафери потврди дека сето ова, покрај големиот придонес што го дале сите политички субјекти, беше подржано и од нашите меѓународни пријатели и партнери и за тоа сме благодарни. 

Амбасадорот Дукс потврди дека Унгарија ќе ги вложи сите свои сили за исполнување на нашите аспирации да станеме полноправна членка на НАТО и Европската Унија.

Click