Активности

Вторник, 30 јануари 2018 година

Средба на пратеници со членови на Венецијанската комисија

Денеска, пратениците, г-ѓа  Јулијана Николова, член на Комисијата за европски прашања и г. Павле Богоевски, член на Постојаната анкетна комисија за слободи и права на граѓаните имаа средба со претставници на  Венецијанската комисија во состав: г. Месут Бедирханогу и г. Николае Есану, и со г-ѓа Моника Мартинез, Шеф на Канцеларијата на Советот на Европа во Скопје.

На средбата стана збор за предлог-текстот на Законот за спречување и заштита од дискриминација кој, во декември 2017 година, е доставен, од страна на Министерството за труд и социјална политика, до Венецијанската комисија за коментари и забелешки. 

При расправата, текстот на законот, кој е изработен согласно сите меѓународни и ЕУ стандарди, ќе се разгледа со коментарите на Венецијанската комисија, и со забелешките на ОДИХР, ОХЦХР (OHCHR) и на ЕУ делегацијата во Скопје, по што законот ќе биде финализиран и ќе биде доставен на разгледување на седница на Влада и понатаму во Собрание за негово усвојување.

Click