Активности

Петок, 10 ноември 2017 година

Средба на претседателот Џафери со аргентинскиот амбасадор Труеба

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери оствари средба со амбасадорот на Аргентинската Република, ополномоштен за Република Македонија, г. Алберто Алфредо Мануел Труеба. 

На средбата беше присутен и пратеникот Реџаил Исмаили, член на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и Карибите.  

Соговорниците се согласија дека воспоставувањето и развивањето на парламентарната соработка може да отвори пат за соработка меѓу други институции во двете држави, а тоа ќе биде ќе поттик и за владите да ја интензивираат економската соработка. 

Претседателот Џафери истакна дека формирањето на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и Карибите, го потврдува нашиот интерес за воспоставување, негување и продлабочување на парламентарната дипломатија со државите од овој регион. 

Амбасадорот Труеба информираше дека Аргентина, како трета економија и влијателна држава во Латинска Америка, ја смета Република Македонија за пријателска земја и е заинтересирана за развивање на поблиски билатерални односи во повеќе сфери. Издвојувајќи ги извозот и инвестициите како приоритети на аргентинската економија, г. Труеба истакна дека во иднина ќе се фокусира на идентификување и на други области од интерес.

Како дел од соработката во областа на културата и проект на кој е особено горд, амбасадорот ја посочи програмата за преведување на аргентинска книжевност на македонски јазик.

Двете страни изразија спремност да вложат напори да ја интензивираат парламентарна соработка на сите нивоа и да ги продлабочат пријателските односи меѓу Република Македонија и Аргентинската Република, како на билатерално така и на мултилатерално ниво. 

Click