Активности

Среда, 12 јуни 2019 година

Средба на претседателот Џафери со Јероним Базо, директор на РАКВИАК - Центарот за безбедносна соработка

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го прими генералот Јероним Базо, директорот на РАКВИАК - Центарoт за безбедносна соработка.

Претседателот Џафери, се заложи за продлабочување на воспоставената соработка со Регионалниот центар за контрола и верификација на вооружувањето и помош во имплементацијата. Воедно, тој стави акцент на принципите за кои се залага РАКВИАК а за кои сме согласни сите дека треба  да ги почитуваме, како членки на РАКВИАК, но и како фактори кои треба да дадат значаен и силен придонес во регионалната безбедност.

На средбата, генералот Базо изрази големо задоволство за остварената средба и истовремено упати благодарност за успешната конференција на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија и РАКВИАК, која се одржа минатата година во Скопје. Директорот Базо, ги оцени позитивно актуелните случувања во Република Северна Македонија и рече дека е тоа пример кој треба да го следат сите држави.

Во продолжение, двајцата соговорници разменија мислења и изразија верба во понатамошна соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и РАКВИАК во иднина.

Click