Активности

Понеделник, 24 јуни 2019 година

Средба на претседателот Џафери со претставници од Проектот за парламентарна пракса, Исток - Запад

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија оствари средба со директорката на Проектот за парламентарна пракса Исток-Запад, Џил Адлер проектниот менаџер, Елена Саботина и Зоран Шапуриќ, министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија во Владата на Република Северна Македонија. 

По воведните поздрави за добредојде двајцата соговорници, претседателот Џафери и г-ѓа Адлер се потсетија на соработката која оваа организација ја имала со Собранието во минатото и која резултирала со неколку успешно завршени проекти. Мисијата на Проектот за парламентарна пракса, Исток-Запад е зајакнување на  парламентарната демократија, промовирање транспарентност и одговорноста во управувањето и давањето поддршка на граѓанското учество во процесот на донесување одлуки. Претседателот Џафери ја запозна г-ѓа Адлер со актуелните парламентарни случувања. Таа го искажа своето позитивно мислење за одличниот напредок кој го има остварено Република Северна Македонија во изминатиот период и упати честитки за брзата динамика на ратификување на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО во националните парламенти.

Претседателот Џафери ја истакна значајноста на парламентарната дипломатија и соработка. Во разговорот тој ја потенцираше успешната соработка со меѓународни организации и донатори кои го подржуваат јакнувањето на капацитетот, унапредувањето и осовременувањето на функционирањето и работата на Собранието. Притоа истакна дека во рамки на Собранието пратениците формираат групи кои понатаму се концентрираат на одредени прашања кои го засегаат општеството. Исто така укажа дека Собранието е отворено за соработка во области кои се значајни за целокупниот општествен развој. Госпоѓа Адлер информираше за соработката со парламентите на земјите од регионот и укажа дека нивното работење е тематско а темите кои ги покриваат моментално се младите, нивната невработеност и одржливиот развој. Двајцата соговорници искажаа задоволство од остварената средба.

Click