Активности

Петок, 1 март 2019 година

СРЕДБА СО ЕВРОПРАТЕНИЦИТЕ ЕДУАРД КУКАН И И КНУТ ФЛЕКЕНШТАЈН 

Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Весел Мемеди, денеска оствари средба со европратениците Едуард Кукан и европратеникот Кнут Флекенштајн кои престојуваат во работна посета на земјата.

Потпретседателот Мемеди ги информираше соговорниците за актуелните активности во Собранието на Република Северна Македонија поврзани со евроинтегративните процеси, донесувањето на пакетот закони од реформскиот процес, како и за првичната верзија на Предлог-деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, за кој свој придонес покрај политичките партии застапени во Собранието, добиени се од повеќе експерти од Европската унија и НДИ. 

Во однос на одржувањето на следен состанок во рамките на дијалогот Жан Моне, потпретседателот Мемеди истакна дека дијалогот ќе продолжи во следните месеци, со цел да се финализира конечната верзија на Деловникот, за потоа да може да биде донесен на собраниска седница. 

Европратениците Флекенштајн и Кукан се заблагодарија за можноста за реализација на средбата и го изразија своето задоволство од реализацијата на дијалогот и досегашните резултати, со очекување истиот да продолжи во најскоро време. 

Click