Активности

Понеделник, 24 јуни 2019 година

СРЕДБИ НА ПРЕТЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ВО КИНА

Официјалната посета на Народна Република Кина на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија предводена од претседателот Џафери беше заокружена со посета на градот Баотинг во провинцијата Хебеј. 

На разговорите, претставниците на политичкиот врв на провинцијата нагласија дека посветуваат големо внимание на развивање на меѓународните односи, особено со земјите кои се наоѓаат на рутата на Иницијативата појасот и патот имајќи предвид дека провинцијата учествува во преку 200 инфраструктурни проекти во овие земји. Кинеската страна информираше за  солидната индустриска база и за можностите за развивање на поблиски економски односи. 

Градот Баотинг бележи добар економски, социјален развој и обемна програма за заштита на човековата околина. Сакајќи да и овозможат на Делегацијата да се запознае со значењето кое им се дава на обновливите енергии, домаќините организираа посета на погон за производство на соларни панели и соларен парк.

Делегацијата исто така го посети и музејот на Воената академија во Баотинг која била и првото формално воено училиште во Кина. 

Официјалната посета заврши со изразени заложби на двете страни за продолжување на контактите на високо ниво, кои овозможуваат добра комуникација на ниво на институции и ја олеснуваат економската соработка и директните контакти меѓу граѓаните на двете држави. 

 Инсерти од средбата

Click