Активности

Понеделник, 4 февруари 2019 година

Триесет и четврта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 34. седница, како матично работно тело, по скратена постапка, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и адуиовизуелни медиумски услуги, поднесен од пратениците Диме Велковски, Артан Груби и Реџеп Мемеди.

Претседателката на Комисијата, Лилјана Затуроска, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани на Предлог-законот. Истиот, без дискусија, Комисијата го проследи на натамошна постапка во Собранието.              

Click