Активности

Вторник, 29 јануари 2019 година

Триесет и трета седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 33. седница, како матично работно тело, по скратена постапка, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за поштенските услуги, поднесен од пратениците Диме Велковски и Реџаиљ Исмаили.

Претседателката на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Лилјана Затуроска, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието, не се поднесени амандмани на Предлогот на законот. Комисијата без дискусија го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието.

Click