Активности

Понеделник, 17 јуни 2019 година

Учество на Денот за високи гости на вежбата „Одлучен Удар“

Во рамки на вежбата „Одлучен Удар“, денеска на Армискиот полигон Криволак беше организиран Отворен ден за високи гости и медиуми, на кој беа презентирани офанзивни операции на пешадиската баталјонска група на Македонската армија. 

Членови на Комисијата за одбрана и безбедност и на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПС НАТО на покана на заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска, учествуваа на Денот за високи гости на вежбата „Одлучен удар“ на АП Криволак, Република Северна Македонија. 

На вежбата присуствуваа пратениците: Хари Локвенец, Илија Николовски, Чедомир Саздовски, Реџеп Мемеди, Илија Димовски и Весел Мемеди (потпретседател на Собранието).

Рапортот пред министерката Шеќеринска на Криволак беше проследен и со комбинирана здружена вежба со боево гаѓање и тактичка вежба со боево гаѓање  - куќа за гаѓање „ВОЛК“, по што следуваше и обраќање на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Целта на вежбата е подобрување на интероперабилноста на Армијата на Република Северна Македонија со НАТО стандардите, зајакнување на постојното партнерство со САД, како и демонстрација на можностите на вооружените сили на двете армии за помош и поддршка на цивилното општество. 

На воената вежба "Одлучен удар", која трае од 6 јуни до 9 јули 2019 година, заедно со македонската Армија и Националната гарда на Пенсилванија (САД), учествуваат и армиите на Република Бугарија, Република Албанија, Република Литванија и Црна Гора.

Click