Активности

Понеделник, 24 јуни 2019 година

Втор Жан Моне дијалог за мир и демократија во Собрание

На 22 и 23 јуни 2019 година, во Собранието на Република Северна Македонија се одржа Вториот Жан Моне Дијалог за мир и демократија, којшто е инструмент развиен од Европскиот парламент како алатка на меката моќ во областа на парламентарната медијација и дијалог започнат во историскиот дом на Жан Моне. 

 

Според однапред воспоставената практика и концепт на овој процес, со сесиите копретседаваа претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери и европратениците во заминување, г. Вајгл, г. Флекенштајн и г. Кукан, кои се докажани и посветени пријатели на нашата земја на патот кон постигнување на полноправното членство во Европската Унија, а во работата на овој дијалог активно учествуваа, покрај претседателот на Собранието, потпретседателите, координаторите на Пратеничките групи, претставниците на парламентарните партии во Собранието и службите на Собранието, предводени од генералниот секретар на законодавниот дом.

 

На крај, учесниците се потпишаа на заклучоците според кои имаат договор да продолжат со дијалогот за имплементација на агендата на ЕУ и на институционалните реформи, како и за пошироки теми од заемен интерес, посветено да обезбедат консензус за клучните области, вклучително и преку редовни средби во рамките на дијалогот Жан Моне со Европскиот парламент. Беше искажана и огромна благодарност за безрезервниот ангажман на европратениците Вајгл, Кукан и Флекенштајн. 

Click