Активности

Четврток, 2 ноември 2017 година

Втора седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Втора седница, ги разгледа Извештаите на Државната изборна комисија за преземените работи согласно членот 153 од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Македонија.

Разгледувајќи ги Извештаите на ДИК, Комисијата констатира дека се исполнети условите за примена на членoт 153 од Изборниот законик и дека нема основ за оспорување на верификацијa на мандатите на пратениците. 

Согласно член 17 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања му предложи на Собранието да ги верифицира мандатите на избраните пратениците од листата на кандидати за остатокот од мандатот, и тоа: 

  • РИСТЕ ТАШЕВ (ИЕ 4), ТАТИЈАНА ЛАЛЧЕВСКА (ИЕ 6), КОСТАДИН КОСТАДИНОВ (ИЕ 4), ЛИДИЈА ТАСЕВСКА (ИЕ 2) и АНЕТА СИМЕСКА-ДИМОСКА (ИЕ 1) од Коалицијата СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА - СДСМ, НОВА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА - НСДП, ЛИБЕРАЛНО ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА - ЛДП, ПАРТИЈА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТУРЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА - ПДТ, НОВА АЛТЕРНАТИВА - НА, ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА ВЛАСИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА - ДСВМ, СРПСКА СТРАНКА НА МАКЕДОНИЈА - ССМ, ПАРТИЈА ЗА ЕКОНОМСКИ ПРОМЕНИ 21- „ПЕП 21”, ПАРТИЈА НА ОБЕДИНЕТИ ПЕНЗИОНЕРИ И ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА -  ПОПГМ, ПАРТИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА - ПЕИ, АЛИЈАНСА ЗА ПОЗИТИВНА МАКЕДОНИЈА - АПМ,  ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ, СРПСКА НАПРЕДНА СТРАНКА ВО МАКЕДОНИЈА - СНСМ, ПАРТИЈА ЗА ЦЕЛОСНА ЕМАНЦИПАЦИЈА НА РОМИТЕ – ПЦЕР; потоа МЕРАЛ УЗЕИРИ-ФЕРАТИ (ИЕ 6) од ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА АЛБАНЦИТЕ-ДПА и РЕЏЕП МЕМЕДИ (ИЕ 1) од ДВИЖЕЊЕТО БЕСА.
Click