Активности

Четврток, 25 октомври 2018 година

Златко Атанасов, кореспондент на Собранието, избран за член на Извршниот комитет на ЕЦПРД

Годишната конференција на кореспонденти на Европскиот центар за парламентарни истражувања и документација(ЕЦПРД) се одржа во Хелсинки, Финска. На дводневната конференција се дебатираше за улогата на парламентите во оценувањето на влијанијата на идните фактори на промени и технолошкиот развој, како и улогата на коресподентите во однос на поднесените барања и одговори од интерес на пратениците. 

На конференцијата, беа избрани три нови членови на Извршниот комитет. За прв пат, Собранието на Република Македонија доби член во Извршниот комитет на ЕЦПРД мрежата. Златко Атанасов, раководител на Парламентарниот институт и кореспондент во мрежата, со акламација, во присуство на претставници од 36 држави членки, беше избран за член во Комитетот.

Извршниот комитет е управувачко тело кое одлучува за активностите на оваа меѓу-парламентарна организација формирана 1977 година, на барање на претседателите на парламентите на европските држави.
ЕЦПРД е средство за парламентарна соработка и размена на информации, кои на годишно ниво надминуваат 2700 различни прашања и одговори од работењето на парламентите.

Претставници на Собранието на Република Македонија во ЕЦПРД мрежата се Златко Атанасов како кореспондент и Маријана Кацарска како заменик кореспондент.

Click