Hidden render

Среда, 24 јануари 2018 година

Груби: Македонија и Украина со заемна поддршка на евроатланскиот пат

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби, имаше средба со амбасадорката на Република Украина во Република Македонија, г-ѓа Наталија Задорожњук.

На средбата беше истакнато дека меѓу двете пријателски земји постои одлична соработка на сите нивоа, политичко, економско и културно, но дека има простор за нивно понатамошно унапредување. Исто така, заедничка беше констатацијата  дека и Македонија и Украина имаат исти приоритети, а тоа се што поскоро зачленување во ЕУ и НАТО, како исти стратешки партнери со САД и ЕУ.

Претседателот на Комисијата, г. Груби, истакна дека Македонија, која како земја кандидат за ЕУ и НАТО членство е понапред во овие процеси, е отворена за   секаков вид на поддршка на Украина на патот кон нејзиното придружување во  овие евроатлански организации. Тој, исто така, посочи дека Македонија напорно работи на реализирање на потребните ЕУ реформи, пред сè во областите на  безбедносниот сектор, независноста на судството, слободата на медиумите, борбата против корупцијата и други.

Click