Средби пратеници

Петок, 11 мај 2018 година

Работна посета на пратеникот Рамчиловиќ на Косовскиот парламент

Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ вчера оствари работна посета на Парламентот на Република Косово, на покана на претседателката на Комисијата за човекови права и полова рамноправност, г-ѓа Дуда Баље.

Тема на состанокот беше „Можности за меѓусебна соработка на Република Косово и Република Македонија, со акцент на човековите права и положбата на малцинствата“.

На средбата се дискутираше за повеќе прашања и беше изразено задоволство од досегашната соработка, но и за можностите за унапредување на истата. Како приоритети беа посочени:

  • Инфраструктурното поврзување помеѓу двете држави и изградбата на автопатот Скопје - Приштина;
  • Соработка во образованието, особено во високото образование;
  • Размена на мислења и искуства за унапредување на човековите права и положбата на малцинствата.
Во рамките на посетата, г. Рамчиловиќ како пратеник на АВАЗ и Бошњаците во Македонскиот парламент, имаше средба и со пратениците Бошњаци во Косовскиот парламент од Коалицијата ВАКАТ, г-ѓа Д. Баље и г. Б. Шабани.