Hidden render

Петок, 17 јануари 2020

Средба на потпретседателот Рамчиловиќ со директорoт на ТИКА, Ајтекин Ајден

Потпретседателот на Собранието, Зеќир Рамчиловиќ, вчера оствари средба со директорoт на Турската агенција за соработка и координација во Македонија ТИКА, Ајтекин Ајден.

На средбата беше изразено задоволство од двете страни за пријателските односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Турција и за успешната соработка и дејствувањето на ТИКА во нашата држава.

Потпретседателот Рамчиловиќ се заблагодари за досегашните активности на ТИКА и реализираните проекти во различни области кои се од огромно значење. Со целосна поддршка и ангажираност лично, но и институционално за нивната работа.

На состанокот се разговараше за планираните проекти, но и за нови предлог-проекти и активности на агенцијата ТИКА во нашата земја.

Click