Hidden render

Понеделник, 10 јули 2017 година

Средба на пратеникот Атанасов со амбасадорот Тимоние

Претседателот на Комисијата за образование, наука и спорт, г. Петар Атанасов денеска оствари средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија, Н.Е. господин Кристиан Тимоние.

На средбата, двајцата соговорници разменија мислења за прашања од областа на образованието на двете држави и значењето на меѓупарламентарната соработа на овој план, како и за значењето на франкофонската димензија во унапредувањето на севкупните односи меѓу двете држави. 

Во оваа пригода, претседателот на комисијата, Петар Атанасов, истакна дека француските искуства во образованието би биле особено значајни за идните образовни реформи кај нас, кои би се остварувале во идната парламентарна соработка со Франција, на сите нивоа.  

Амбасадорот Тимоние го подели ставот за значењето на образованието во развојот на државите, притоа го нагласи значењето на оваа парламентарна комисија во унапредувањето на образовната сфера. 

Во овој контекст се задржа на значењето на Франкофонијата и предностите што ги дава таа во унапрадувањето на образовните можности на меѓународно ниво и информираше за досегашните активности и за идните проекции за изучување на францускиот јазик во средното и високото образование во Република Македонија.

Click