Hidden render

Вторник, 4 јули 2017 година

Средба на пратеникот Димитриев со г-ѓа Манжен

Претседавачот на Комисијата за надворешна политика при Собранието на Република Македонија, Емил Димитриев, вчера оствари работна средба со директорот на Континентална Европа при Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција, г-ѓа Флоранс Манжен. 

На средбата стана збор за билатералната соработка помеѓу Република Македонија и Република Франција и беа реафирмирани позициите на Република Македонија за полноправно членство во Европската Унија и НАТО. 

Во очекување да се оформат работните тела за парламентарна соработка помеѓу двете земји, се нагласи заемната потреба од што побрзо интегрирање на регионот, интензивирање на соработката во рамки на берлинскиот процес, присуство и помош на земјите членки на Европската Унија во справувањето со мигранитската криза итн.

Од страна на претседавачот на Комисијата за надворешна политика, Емил Димитриев, беше јасно искажан ставот дека Република Македонија останува посветена на нејзините врвни приоритети - членство во Европската Унија и НАТО.

Директорот на Континентална Европа при Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција, г-ѓа Флоранс Манжен, искажа силна поддршка од  Република Франција во приоритите на Република Македонија во однос на евроинтеграциските процеси.

Click