Hidden render

Среда, 1 ноември 2017 година

Средба на пратеникот Груби со г-ѓа Лујза Винтон

Денес во Собранието на Република Македонија,  г. Артан Груби, претседател на Kомисијата за европски прашања на Собраниeтo, се сретна со г-ѓа Лујза Винтон, специјален претставник на Канцеларијата на Обединетите нации во Република Македонија.

Госпоѓа Винтон упати честитки за одлично спроведените локални избори, кои ги оцени како компетитивни при што биле почитувани основните човекови слободи кои придонесуваат кон подобрување на демократскиот процес во земјата. 

Таа изрази спремност да помогне во работата на Комисијата за европски прашања, која ќе ги разгледува реформските проекти и го поздрави консензуалниот начин на постапување во рамките на ова собраниско тело, особено едногласното донесување на Декларацијата за забрзување на реформските и интегративните процеси во НАТО и ЕУ.

Пратеникот Груби во контекст на изборниот процес истакна дека изборите поминаа во мирна, фер и натпреварувачка атмосфера, што беше потврдено во прелиминарните извештаи на ОБСЕ/ОДИХР, поддржани од делегацијата на ЕУ, Амбасадата на САД, како и од релевантните домашни набљудувачи.

Груби го истакна своето задоволство од резултатите на локалните избори што претставува потврда на програмските определби на владејачката коалиција за длабоки реформи, евроатлантска интеграција и еднаквост во општеството.

Во врска со можноста за оддржување на вонредни парламентарни избори, г. Груби оцени дека на Република Македонија во моментот не ѝ се потребни уште едни избори. Истакна дека периодот пред нас, мора да се искористи за да се испорачаат резултати од ветените програмски концепти, а институциите да се насочат кон реформската агенда. Општествените капацитети уште поактивно да се посветат на мерките и активностите што се во насока на отстранување на сите забелешки и пречки за евроинтегративните процеси на Република Македонија.

Click