ИЗЈАВА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ПО ПОВОД РАСПИШУВАЊЕТО НА ЛО...

Петок, 6 август 2021

ИЗЈАВА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ПО ПОВОД РАСПИШУВАЊЕТО НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

Денеска го потпишав Решението за распишување на избори за членови на Советите на општините и Советот на Градот Скопје, за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје. Согласно законската рамка и роковите утврдени во Изборниот законик, локалните избори ќе се одржат на 17 октомври 2021 година.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на одбележувањето на 2 Авг...

Понеделник, 2 август 2021 година

Обраќање на претседателот Џафери на одбележувањето на 2 Август - Денот на Републиката 

Добродојдовте пред законодавниот дом и воедно претставнички дом на граѓаните. Задоволство ми е оваа година да ве поздравам и бидам Ваш домаќин пред оваа зграда како Претседател на Собранието на Република Северна Македонија, и воедно да Ви посакам добредојде од мое лично име и од име на моите колеги пратеници во овој парламентарен состав, на денешното свечено одбележување на 2 Август, Денот на Републиката, кога се означуваат 118 години од Крушевската Република во 1903-та година, и 77 години од Првото заседание на АСНОМ во 1944-та година, што ги претставуваат двата столба врз кои се темели државотворноста на земјата. 
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Свечената седница на Ко...

Четврток, 29 јули 2021 

Обраќање на претседателот Џафери на Свечената седница на Комитетот за односи меѓу заедниците по повод одбележувањето на 20-годишнината на Охридскиот рамковен договор

Драго ми е што денес и Собранието на Република Северна Македонија, со оваа свечена седница на Комитетот за односи меѓу заедниците како конкретно тело произлезено од Охридскиот рамковен договор, основано од Собрание, со надлежности утврдени согласно Амандманот XII од Уставот и Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците, што природно му дава за право да се вклучи, e дел од повеќедневното одбележување на 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор или Договорот на мирот, како што со право го нарекуваме.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на промотивниот настан на ...

Четврток, 8 јули 2021 

Обраќање на претседателот Џафери на промотивниот настан на ИПА твининг проектот за „Подобрување на надворешната ревизија и парламентарниот надзор“

Драго ми е што денес можам во мое лично име и од име на Собранието на Република Северна Македонија да ве поздравам сите присутни тука во европскиот дом и тие што следат онлајн и да го изразам моето видување за ИПА Твининг проектот за „Подобрување на надворешната ревизија и парламентарниот надзор“. 
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на експертската размена со...

Среда, 7 јули 2021 

Обраќање на претседателот Џафери на експертската размена со Косовското собрание, организирано од ДКАФ

Драго ми е што денес можам во мое лично име и од име на Собранието на Република Северна Македонија да ве поздравам и да придонесам со моето видување за оваа експертска размена на тема „Парламентарно постапување со класифицирани информации и поставување на безбедна просторија во парламентот“.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Балкански фестивал на н...

Вторник, 6 јули 2021, Охрид

Обраќање на претседателот Џафери на Балкански фестивал на народни песни и игри 2021

Во оваа прилика, дозволете да ве поздравам во мое име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, вашиот дом и горд покровител на најстариот меѓународен фестивал од ваков вид на Балканот, Балканскиот фестивал на народни песни и игри кој што вечерва, на голема радост на сите љубители бележи свое јубилејно, 60-то издание откако за прв пат се одржа во далечната 1962 година.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на ПФД...

Четврток, 1 јули 2021, Охрид

Обраќање на претседателот Џафери на Преспа форумот за дијалог

Преспа форумот за дијалог не случајно се нарекува по Преспа и не случајно се одржува во Охрид. Овие две места имаат голема симболика за нас, мала држава со „големите“ балкански проблеми, затоа што тука се бетонира нашата меѓуетничка кохезија, меѓутоа и општествена кохезија за евроатлантската иднина со конкретен, опиплив продукт.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери - Мајка Тереза...

Среда, 30 јуни 2021

Обраќање на претседателот Џафери по повод свеченото промовирање на првата генерација на апсолвенти на Универзитетот Мајка Тереза

Големо задоволство ми е што денес, на овој грандиозен плоштад, сум поканет да бидам дел од овој настан, толку значаен за Универзитетот „Мајка Тереза“, за почитуваниот академски персонал, за вас родителите, драгите студенти, апсолвенти на првата генерација на овој Универзитет што денес ја одбележува првата годишнина од основањето и почетокот со работа како една нова државна високообразовна институција.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Самитот на Спикери на П...

Понеделник, 28 јуни 2021 година, Брисел

Обраќање на претседателот Џафери на Самитот на Спикери на Парламенти од Западен Балкан на тема „Фундаменталната улога на парламентите во процесот на проширување на ЕУ во пост-КОВИД ерата“

Најпрво, дозволете ми да изразам задоволство за повторното одржување на денешниот Самит, чиј континуитет и покрај актуелните вонредни услови јасно ја потврдува поддршката на Европскиот парламент за европската перспектива на нашиот регион.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери пред членовите на Комитето...

Понеделник, 28 јуни 2021 година, Брисел

Обраќање на претседателот Џафери пред членовите на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент 

Почитуван претседавач на Комитетот, г. Дејвид Мекалистер,
Почитувани европратеници,
Почитувани присутни,
Дозволете ми на почетокот да изразам задоволство за одржувањето на овој состанок, на кој ќе можеме да размениме мислења околу напредокот на Република Северна Македонија на полето на евроинтеграциите. 

Прочитај повеќе
123...5      
Click