АЗИЗ ПОЛОЖАНИ     

 

 

 


Член на ДУИ. Роден 1957 година во с. Ливада, Струга. Албанец. Лекар. Добро го познава англискиот јазик. Живее во Струга.



АБДУРАХМАН АЛИТИ

 

 

 

 

 

 

Член  и лидер на Партијата за демокртаски просперитет во Македонија, извесен период и потпретседател на Собранието. Роден 1945 година во село Желино, Тетово, Албанец. Завршил Правен факултет. Беше пратеник и во претходниот мандатенј период. Живее во Тетово.



БУЧКОВСКИ ВЛАДО   

 

 

 

 

 

 

Член на СДСМ. Роден 1962 година во Скопје. Македонец. Доктор по правни науки , универзитетски професор. Добро го познава англискиот јазик. Живее во Скопје.



ГЕРАМИТЧИОСКИ ТАЛЕ

  

 

 

 

 

 

Член на СДСМ. Роден 1962 година во Прилеп. Македонец. Универзитетски професор. Доктор на науки. Дипломиран машински инженер. Добро го познава англискиот јазик. Живее во Прилеп.

  

ПЕТАР ГОШЕВ

 

 





 

 

Роден 1948 година во с. Пирава, Валандово, Р. Македонија. Македонец. Магистер по економски науки. Бил пратеник во првиот и третиот парламентарен состав. Се служи со англискиот јазик. Живее во Скопје.
      



  
ИЛИНКА МИТРЕВА

 

 

 

 




Член на СДСМ. Родена 1950 година во Скопје, Р. Македонија. Македонка. Доктор на филолошки науки. Универзитетски професор. Била пратеник во двата претходни парламентарни состави. Била министер за надворешни работи. Добро ги знае францускиот, англискиот и италијанскиот јазик. Живее во Скопје.





 



СЛАВКО ПЕТРОВ

 

 

 

 

 

 

Член на ЛДП. Роден 1937 година во Велес, Р. Македонија. Македонец. Завршил Правен факултет со правосуден испит. Работел како судија на Основниот суд во Велес, и како адвокат. Се служи со руски јазик. Живее во Велес.



 

 

ЈОВАН МАНАСИЕВСКИ

 

 

 

Потпретседател на ЛДП. Роден 1968 година во Гостивар, Р.Македонија. Македонец. Завршил Филозофски факултет. Работел како советник на градоначалникот на Град Скопје. Добро го знае англискиот јазик. Живее во Скопје.



АРБЕН ЏАФЕРИ

 

 

 

 

 

 

Претседател на Демократската партија на Албанците во Македонија. Роден 1948 година во Тетово, Албанец. Завршил Филозофски факултет- група филозофија. Се занимавал со новинарство. Живее во Тетово.




ЏЕЛАДИН ШАТКУ

 

 

 

 

 

Член на ДУИ. Роден 1956 година во Гостивар, Р. Македонија. Албанец. Висока школска подготовка. Работел во ДПТУ "Бунар- Петрол" во Гостивар. Се служи со англискиот јазик. Живее во Гостивар.



Шеќеринска Радмила 
 

 

 

 

 

 

 

Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). 
     
Била потпретседател и претседател на Социјалдемократската младина. Потпретседател на Централниот одбор и член на Претседателството на СДСМ. Портпарол на СДСМ. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Европскиот парламент. 
     
Родена 1972 година во Скопје, РМ. Македонка. Завршила Електротехнички факултет и работи како помлад асистент на Електротехничкиот факултет. Добро ги знае англискиот и францускиот јазик. Живее во Скопје.



Црвенковски Бранко 

 

 

 

 

 

 

Член и претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
     
Бил премиер на Владата на Република Македонија од 1992 до 1998 година.
     
Роден 1962 година во Сараево, БиХ. Македонец. Завршил Електротехнички факултет. Бил вработен во "СЕМОС", по што професионално се ангажира во политиката. Добро го знае англискиот јазик. Бил пратеник во Собранието на РМ од 1990 до 1992 година. Живее во Скопје.




 

НИКОЛА ПОПОВСКИ

 


  
 


     
    

Роден на 24 Мај 1962 година во Скопје
     
Основно и гимназиско образование завршил во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје. На истиот факултет магистрирал на тема "Економски основи на информациското општество".
     
Работел во Министерството за развој на Владата на Република Македонија. Од 1986 до 1990 година бил член на Собранието на град Скопје. Од 1992 година е пратеник во Собранието на Република Македонија. Бил претседател на Комисијата за надворешна политика, Комисијата за екологија, млади и спорт и Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија. Од 1998 до 2002 година е координатор на Пратеничката група на СДСМ.
     
Член е на Парламентарното собрание на Советот на Европа од 1993 година, а во одреден период и шеф на македонската делегација. Членувал во повеќе комисии во Собранието на Советот на Европа во Стразбур.
     
Автор е на стручни трудови во домашни и меѓународни списанија. Објавил и две книги од економска и политичка проблематика.
     
Зборува англиски јазик.
На 07.11.2003 година е избран за министер за финансии.



 

АГРОН БУЏАКУ

 

 

 

 


Член на ДУИ. Роден 1957 година во Дебар. Албанец. Магистер на науки. Политиколог. Добро ги познава англискиот, францускиот, рускиот, српскиот и хрватскиот јазик. Живее во Дебар.




ХАЗБИ ЛИКА

 

 

 

 

 

Член на ДУИ, претседател на партискиот огранок во Тетово, Р.Македонија. Албанец. Роден 1972 година во Тетово. Висока школска подготовка. Живее во Тетово. На 27.06.2003 е назначен на местото заменик министер за внатрешни работи.




ЃОРЃИ СПАСОВ     

 

 

 

 

 

Член на СДСМ Роден 1949 година во Неготино, РМ. Македонец.
Доктор по политички науки. Работел во Институтот за социолошко-правни истражувања.
Научен соработник на Универзитетот до 1994; Потоа редовен професор.
Амбасадор на РМ во Р. Бугарија (1994-1997); министер за правда (1997-1998). Бил пратеник и во претходниот состав на Собранието на РМ. Добро зборува англиски јазик. Живее во Скопје.




ИЛИЈА ФИЛИПОВСКИ













Член на СДСМ Роден 1941 година во Ростуше, РМ. Македонец. Има високо образование. Директор на увоз-извос "Охис" и комерцијален директор. Потпретседател на Извршен совет на СРМ, приватен стопанственик во Австрија, а потоа во Република Македонија. Бил пратеник во претходниот состав на Собранието на РМ и заменик потпретседател на Владата на РМ. Се служи со англиски и руски јазик. Живее во Скопје.

  

ЗОРАН ШАПУРИЌ

 

 






   
Член на ЛДП. Роден 1957 година во Ниш, СРЈ. Македонец. Магистер на правни науки. Работел како стручен соработник во Уставниот суд на РМ, помошен генерален директор на МЗТ Комерц, како и заменик генерален директор на ЈП "Паркови и зеленило". Бил пратеник во вториот парламентарен состав. Добро го знае англискиот јазик. Живее во Скопје.



 

 

ТАЛАТ ЏАФЕРИ

 

 

 


Член на ДУИ.Роден на 15.04.1962 година во с.Форино, Гостивар.Албанец.Постдипломски студии за командни и штабни должности.

 




НЕВЗАТ БЕЈТА

 

 

 

 

 

Член на ДУИ. Роден 1961 година во с. Диф, Р. Македонија. Албанец. Висока школска подготовка. Работел како професор во Гимназијата во Гостивар. Живее во Гостивар.



СЛОБОДАН ДАНЕВСКИ

 

 

 

 

 


Член на Либералната партија на Македонија, сега ЛДП. Роден 1957 година во Свети Николе, Македонец. Завршил високо образование, ПТТ - инженер. Живее во Свети Николе.



 

 ТРИФУН КОСТОВСКИ

 

 

 

 


 Независен пратеник.  Роден 1946 година во Скопје, РМ. Македонец. Завршил Економски факултет. Од 1971-1989 работел во "Технометал-Вардар" Скопје; од 1989- 1991 во СИТКО-ЛУГАНО-Швајцарија; од 1991 сопственик на Кометал- траде, Виена. Добро зборува англиски и полски, се служи со руски, германски и француски јазик. Живее во Скопје.


 

 




ЕЛЕОНОРА ПЕТРОВА МИТЕВСКА    

 

 

 

 

 

Чпен на СДСМ. Родена 1952 во Скопје, РМ. Македонка. Доктор по археолошки науки. Работела како кустос, виш кустос, кустос советник во музејот на Македонија, како виш научен соработник, научен советник-редовен професор во ИНИ. Добро зборува англиски а се служи со италијанскиот и францускиот јазик. Живее во Скопје.




ОРДАНЧО ТАСЕВ

 

 

 

 



Член на пратеничката група на независни пратеници. Роден 1952 година во Кавадарци, Р. Македонија. Македонец. Висока школска подготовка. Бил директор во ЕСМ ХЕЦ "Тиквеш", директор на ТУП „Вишешница“ и претседател на ФК „Тиквеш“ во Кавадарци. Живее во Кавадарци.

  

КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ

 

 






   
Член на ВМРО- ДПМНЕ. Роден 1956 година во Скопје, Р. Македонија. Македонец. Завршил Машински факултет. Работел во МЗТ "Хепос"- Скопје и во сопствена компјутерска фирма "ТДК- системи". Бил пратеник во претходниот парламентарен состав. Се служи со англискиот јазик. Живее во Скопје.

Click