Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Среда, 10 октомври  2018 година

Отворена Соба на Клубот на пратенички

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, во пресрет на утрешниот празник 11 Октомври - Денот на востанието на Македонија, организираше отворање на Соба на Клубот на пратенички. 

Петок, 27 јули 2018 година

Клубот на пратенички на средба со млади лидери од Таџикистан

Клубот на пратенички одржа средба со делегација од Таџикистан, составена од 15 млади лидери-шампиони за родови прашања во нивната земја. Средбата беше на предлог на мисијата на ОБСЕ во Скопје, а на неа присуствуваа Ѓулумсер Касапи, координаторка; Даниела Рангелова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и членка на Клубот; Ивана Туфегџиќ, координаторка на Клубот на млади; како и пратеничките Лилјана Кузмановска, Мери Лазарова и Лилјана Затуроска.

Вторник, 17 јули 2018 година

Работен ручек-состанок на Македонското женско лоби со парламентарките

Македонското женско лоби организираше работен ручек-состанок со парламентарките, на тема: „Родови предизвици пред новиот изборен законик”. На состанокот, кој се одржа во хотелот Best Western, присуствуваа 28 претставнички од сите политички партии.

Четврток, 7 јуни 2018 година

Работна средба на Клубот на пратенички за родово одговорно креирање на политики и буџетирање 

Клубот на пратенички, во соработка со UN Women и Министерството за труд и социјална политика, одржа трета тематска работна средба под наслов „Родово одговорно креирање на политики и буџети“. 

Вторник, 20 март 2018 година

Зајакнување на капацитетите на Клубот на пратенички

Клубот на пратенички, во организација на Организацијата за безбедност и соработка во Европа - Мисија во Скопје (ОБСЕ), одржа обука на тема „Зајакнување на капацитетите на Клубот на пратенички“. 

Четврток, 8 март 2018 година

Клубот на пратенички со заедничка и единствена цел - РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ! 

Клубот на пратенички вчера ја одбележа 15-годишнината од своето формирање. Како прв клуб во Регионот, со години е пример за другите парламенти како може жените да се обединат околу за нив битни прашања, надминувајќи ги политичките, етничките и верските граници.  

Петок, 6 октомври 2017 година

Претставување на кандидатките за градоначалнички                               

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија во соработка со Националниот демократски институт НДИ, денеска организира промоција на кандидатките за градоначалнички на претстојните локални избори во Република Македонија.

Среда, 4 октомври 2017 година

Промоција на кандидатки за градоначалнички во Република Македонија

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, во соработка со Националниот демократски институт НДИ,  организира: Промоција на кандидатки за градоначалнички во Република Македонија.

Промоцијата ќе се одржи на 6 октомври  2017 година, во Сала „Борис Трајковски“ во Собранието на Република Македонија, со  почеток во 12.00 часот.

Вторник, 26 септември 2017 година

Градиме мостови на разбирање

Во организација на UN Women и Македонско женско лоби (МЖЛ), во Струга на 21 и 22 септември се одржа Работилница под мотото „Градиме мостови за разбирање“, на која учествуваа членки на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија.

Четврток, 27 јули 2017 година

Состанок на Претседателството на Клубот на пратенички

По барање на пратеничката Лилјана Кузмановска, на 24 јули 2017 година се одржа состанок на Претседателството на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, на кој беа разгледани конкретни случаи, кои се однесуваат на позицијата и статусот на жената, по однос на работното место.

Петок, 21 јули 2017 година

Средба на Клубот на пратенички на тема: „Клуб на пратенички, достигнувања и приоритети”   

На средбата присуствуваа членките на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, поранешните координаторки и заменик-координаторки на Клубот, претставници на невладините и меѓународните организации, Националниот демократски институт и Европската комисија.

Четврток, 20 јули 2017 година

Клубот на пратенички - достигнувања и приоритети

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија ќе организира средба на тема: „Клуб на пратенички, достигнувања и приоритети“. 

На средбата се поканети членките на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, поранешните координаторки и заменик-координаторки на Клубот, претставници на невладините и меѓународните организации, Националниот демократски институт и Европската комисија.

Средбата ќе се одржи на 20 јули 2017 година (денеска) во 14.00 часот, во Сала на Уставна комисија.

 

Четврток, 6 јули 2017 година

Конститутивен состанок на Клубот на пратенички

Денескa, Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија одржа конститутивен состанок на кој за координаторка беше предложена и избрана пратеничката од СДСМ, Ѓулумсер Касапи, а беше договорено пратеничките од парламентарните партии, да делегираат членки на претседателството на клубот. 


Архива