Парламентарен институт

Април 2017 година

ЕЛЕКТРОНСКА БАЗА НА ДОКУМЕНТИ ОД ЗАКОНОДАВНАТА АРХИВА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија, започна со создавање на единствена електронска база на документи и податоци од работата на законодавниот дом.

Целта е да се обезбеди лесно достапен и електронски пребарлив систем на документите од законодавната архива, односно ќе се овозможи на секој корисник на системот, за кратко време и по различни критериуми да дојде до конкретниот документ, и истиот да може да го гледа во изворна форма.

Базата ќе ги опфаќа документите кои имаат произлезено од работата на седниците на Собранието на Република Македонија почнувајќи од 1986 година па сè до денешниот мандат и се пополнува во соработка со Државниот архив на Република Македонија.

Click