Парламентарен институт

Собраниска служба за истражување и информирање


Цели и задачи:

Функционален Парламентарен институт кој придонесува во зајакнувањето на законодавната и надзорната функција на Собранието на Република Македонија, преку обезбедување навремени, непристрасни, објективни и достапни услуги за законодавната власт.

Принципи на Парламентарниот институт:

  • Непристрасност
  • Достапност
  • Кредибилитет

Услуги на Парламентарниот институт:

 Годишен извештај за работата на Парламентарниот институт за 2023 година

 Правилник за вршење на надлежностите на Парламентарниот институт

 Стратешки план на Парламентарниот институт 2024-2028

Истражувања и анализи

Истражувачките работи се вршат врз основа на претходно поднесено барање за истражувачки работи или на сопствена иницијатива на Парламентарниот институт.

Постапувањето по примените барања се врши со помош на специјализиран софтвер - Систем за управување со барање (RMS)

 Истражувачки работи по сопствена иницијатива на Парламентарниот институт - 2024 година  

 Истражувачки работи по сопствена иницијатива на Парламентарниот институт - 2023 година

 Истражувачки работи по сопствена иницијатива на Парламентарниот институт - 2022 година

 Истражувачки работи по сопствена иницијатива на Парламентарниот институт - 2021 година

 Истражувачки работи по сопствена иницијатива на Парламентарниот институт - 2020 година

 Истражувачки работи по сопствена иницијатива на Парламентарниот институт - 2019 година

 Истражувачки работи по сопствена иницијатива на Парламентарниот институт - 2018 година

 Истражувачки работи по сопствена иницијатива на Парламентарниот институт - 2017 година

Едукација и комуникација

Парламентарниот институт спроведува активности за едукација и информирање кои вклучуваат воведна сесија/ориентација за новоизбрани пратеници, како и тематски семинари и конференции од различни области. 

Активностите за едукација и информирање на граѓаните за работата и улогата на Собранието, вклучуваат:

- организирање и спроведување посети на Собранието за јавноста;

- организирање и спроведување семинари за едукација на ученици, студенти и наставници

Со цел информирање за улогата и работата на Собранието, подготвени се публикации и информативни материјали на македонски, албански, англиски и француски јазик, до коишто пристапот е овозможен подолу:


Истражувачка библиотека

Истражувачката библиотека моментално располага со 4.500 наслови и континуирано се збогатува со нов библиотечен материјал од домашни и странски издавачки куќи. Корисниците имаат можност преку Е-каталогот да пребараат низ библиотечниот фонд.

Библиотеката, во рамките на своите работни простории, располага со модерно опремена читалница, која се наоѓа до Клубот на пратеници, каде на корисниците им се достапни за користење електронските бази на податоци, библиотечниот материјал, како и дневни и неделни весници и списанија. 

Законодавна архива

Парламентарниот институт води законодавна архива, која претставува база на документи настанати од работата на пленарните седници и седниците на работните тела и советите на Собранието во врска со законодавниот процес.

Целокупниот документациски материјал од законодавната архива е достапен за користење од страна на корисниците преку Е-архивата. 

 Правилник за постапување со документите во законодавната архива

Click