Неформални групи

Петок, 7 јуни 2013 година
 
Работен состанок на Клубот на пратенички
 
Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија на 30 мај 2013 година, одржа работен состанок на кој го разгледа Предлог-законот за прекинување на бременост.

На состанокот покрај членовите на Клубот на пратенички присуствуваа министерот за здравство, Никола Тодоров, претседателот на Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија, Менде Диневски, претставници на следниве невладини организации: Македонско женско лоби, Х.Е.Р.А., Националниот совет за родова рамноправност СОЖМ, Акција Здруженска, Националната мрежа против насилство врз жената, Реактор, Антико и здружението ЕСЕ.

На состанокот беше потенцирано дека Предлогот е исклучително значаен за жените, ги регулира нивните права и директно влијае на правото на жената да одлучува за сопствениот живот.

Дел од пратеничките се вклучија во дискусијата и ги изнесоа своите забелешки на одредбите на Законот.
Click