ЕУ Проект: “Поддршка на Собранието за спроведување на реформите”

Спроведувањето на проектот финансиран од ЕУ “Поддршка на Собранието за спроведување на реформите” започна на 4 септември 2017 година. Проектот ќе обезбедува поддршка на Собранието во спроведувањето на неопходните реформи. 

Општа цел на проектот е: Помош на Собранието на ниво на Работна група за реформи, Службата, и советниците на политичките партии и неговите тела проактивно да дејствуваат како камен-темелник на демократските процеси во земјата и успешно да ги спроведуваат реформските приоритети засновани на дијалог помеѓу политичките партии и граѓанските организации.

Конкретно, проектот ќе ја поддржи Работната група за реформи со цел да се подобри целокупното работење на Собранието. Проектот ќе се фокусира на Етичкиот кодекс и на Деловникот за работа на Собранието.  

Покрај тоа, проектот ќе обезбеди низа обуки за собраниската служба и за советниците на политичките партии во Собранието. На овој начин, проектот ќе придонесе кон зајакнување на нивните капацитети за успешно спроведување на реформите во земјата.

Експерти на проектот се г. Едмонд Милетиќ од Хрватска и г. Тибор Драшковиќ од Унгарија. 

Оваа поддршка од ЕУ доаѓа во вистинско време и Собранието е посветено целосно да ја искористи поддршката за успешно спроведување на реформите во Собранието.  

  • Проектот го спроведува: IBF International Consulting од Брисел
  • Времетраење на проектот: 4.9.2017 – 3.09.2019
  • Буџет на проектот: 280.900.00 евра
Click