ЕУ вести

Среда, 11 март 2015 година

Деветта препорака за почеток на преговори на Македонија со ЕУ

Европскиот парламент со мнозинство гласови ја усвои Резолуцијата за напредокот на Република Македонија, изготвена од словенечкиот европратеник и известувач за Македонија во Европскиот парламент, г. Иво Вајгл, по која доцна синоќа се водеше расправа.

По деветти пат во низа се повикува Европскиот совет да одреди датум за почеток на пристапните преговори за членство на нашата земја во Европската унија, што ќе ги забрза реформите и ќе го зацврсти процесот на демократизација.

Притоа, се порачува дека билатералното прашање со Репубика Грција, околу спорот со името, не треба да бидат пречка за отворање на преговорите, туку да се реши во меѓувреме, пред процесот на зачленување.

Во Резолуцијата повторно се наведуваат позитивните и негативните оценки во врска со реформите и целокупното функционирање во земјата. 

Се изразува загриженост поради актуелната политичка криза, со апел за независна истрага, со целосно почитување на принципите на транспарентност, непристрасност и презумпција на невиност, како и вклученост во овој процес на шефот на дипломатијата на ЕУ, г-ѓа Федерика Могерини. Притоа, се потенцира дека компромисите се од фундаментално значење за функционирање на демократијата. 

Click