ЕУ вести

Среда, 24 септември 2014 година

Номинации за наградата „Сахаров“

Европскиот парламент ги објави имињата на номинираните за наградата „Сахаров“, која ја доделува секоја година за слобода на мислата.

Седумте номинирани се:

• Махмуд Ал Асали, професор по право од Универзитетот во Мосул, кој застанал во одбрана на христијанските права, убиен во јули минатата година и Рафаел Луис Сако, ирачки патријарх од Калдејската католичка црква, номинирани за одбрана на верските слободи. 

• Мароканскиот рапер Муад Белжуа, познат како Ел Хакед; Ала Јакуби од Тунис, популарен како Ел Велд и египетскиот блогер и политички активист Ала Абдел Фатах. 

• „Кредо“ - организација за заштита на христијанските малцинства. 

• Проевропското украинско движење „EuroMaidan“, предводено од новинарот Мустафа Наем, пејачката и евровизиски победник Руслана Лизичко, активистката Јелисавета Шепетилникова и новинарката Тетјана Чорновол. 

• Американската активистка родена во Сомалија, Ајан Хирси Али, бранителка на правата на жените во исламските општества. 

• Денис Муквег, гинеколог од Демократска Република Конго, специјализиран за третман на жртвите на силување и основач на болница во Букаву.

• Лејла Јунус од Авганистан, активистка за човекови права и директор на Институтот за мир и демократија.

Добитникот на овогодинешната наградата „Сахаров“, ќе биде објавен во октомври. 

Инаку, наградата го носи името на советскиот физичар и политички дисидент Андреј Сахаров. Европарламентот ја доделува уште од 1988 година на поединци или организации заслужни во борбата за човекови права и демократија.

Click