Понеделник, 13 јануари 2014 година
Пленарна седница на Европскиот парламентОд 13 до 16 јануари, Европскиот парламент, во Стразбур, одржува пленарна седница, во рамките на која ќе биде заклучено Литванското претседателство со Советот, а ќе се отвори програмата на грчкото претседавање во првите шест месеци од годинава.
Членовите на Европарламентот ќе расправаат и за прогресот на Србија, Косово и Исланд, состојбата во Јужен Судан, трговските договори со Мексико и Чиле, како и за правото на слобода на движење во рамките на ЕУ, во однос на рестрикциите за романските и бугарските работници.
На дневен ред ќе се најдат и кризата со храна, социјалната заштита, флексибилноста на јавните набавки, потоа ограничувањето на емисиите на CO2 за новите лесни комерцијални возила, стратегија за намалување на пластичниот отпад и др.