Национален совет за евроинтеграции

Одлуки, Седници, Јавни расправи,  Средби, Документи НСЕИДокументи РМ-ЕУ, За Европската унијаЕУ новости,  Линкови

е-пошта: nsei@sobranie.mk

мандат 2008-2011

Следејќи ја стратешката определба на Република Македонија, членство во Европската унија, за која граѓаните ја изразуваат својата целосна поддршка, и особено имајќи ги предвид критериумите кои треба да се задоволат, како и обврските кои надлежните институции и сите општествени субјекти ги превземаат, Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 19 ноември 2007 година ја донесе Одлуката за основање на Националниот совет за евроинтеграции („Службен весник на Република Македонија“ бр.140/2007).

Претседателот на Советот е од редовите на парламентарните партии во опозиција, а потпретседателот од парламентарните партии во позиција. Советот има 17 членови, и тоа: по четири члена од парламентарната позиција и опозиција, а членови на Националниот совет по функција се: претседателот на Комисијата за европски прашања, претседтелот на Комисијата за надворешна политика и копретседателот на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија и ЕУ.

Членови на националниот совет се и: заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања и по еден претставник од Кабинетот на претседателот на РМ, од Кабинетот на претседателот на Владата на РМ, од Македонската академија на науките и уметностите, од Заедницата на едниниците на локалната самоуправа и од Здружението на новинарите. Овие членови учествуваат во работата на советот без право на одлучување.

Согласно членот 5 од Одлуката за основање на Националниот совет за евроинтеграции, во работата на Советот учествуваат и 11 номинирани претставници од стопанските комори, синдикатите, верските заедници и граѓанската платформа.
Начинот на работа, правата и обврските на претседателот, потпретседателот и членовите на Советот, јавноста во работата и вршењето на стручните, административните и дргуите работи за потребите на Советот се уредени со Деловникот на Националниот совет.

Седниците на Советот се отворени за јавноста. Предлог за работа без присуство на јавноста може да дадат претседателот или најмалку една третина од членовите, а Советот со консензус треба да го прифати. Аудио записите и записниците од сите досегашни средби се достапни за јавноста.

Своите одлуки Советот ги носи со консензус на присутните членови што имаат право на одлучување од редот на пратениците.


                            Претседател: РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА ЈАНКОВСКА
   
                     Потпретседател: СИЛВАНА БОНЕВА 
  
                                      Членови: АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ
                                                        КЕНАН ХАСИПИ
                                                        АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ
                                                        ТИТО ПЕТКОВСКИ
                                                        ЏЕВАТ АДЕМИ
                                                        ПЕТАР ПОП АРСОВ
                                                        ТЕУТА АРИФИ
                                                        АЛЕКСАНДАР СПАСЕНОВСКИ
                                                        ФЉОРА КАДРИУ

ВАСКО НАУМОВСКИ
заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за евроинтеграции 

ДИМИТАР МИРЧЕВ
од Кабинетот на претседателот на Република Македонија 

АНДРЕЈ ЛЕПАВЦОВ
од Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија 

ВЛАДО КАМБОВСКИ
од Македонската академија на науките и уметностите

ЗОРАНЧО АЛЕКСОВ
од Заедницата на единиците на локалната самоуправа

НАСЕР СЕЛМАНИ
претседател на Здружението на новинарите на Македонија

Претставници:

БРАНКО АЗЕСКИ
претседател на Стопанската комора на Македонија

МИРЧЕ ЧЕКРЕЏИ
претставник на Сојузот на стопански комори на Македонија

ЖИВКО МИТРЕВСКИ
претседател на Сојузот на синдикати на Македонија

ДОЈЧИН ЦВЕТАНОВСКИ
член на Ц.О на Конфедерацијата на слободни синдикати

СЛОБОДАН АНТЕВСКИ
претседател на Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија

АЛЕКСАНДАР КРЖАЛОВСКИ
Граѓанска платформа на Македонија

НЕГОВО ПРЕОСВЕШТЕНСТВО ЕПИСКОП ХЕРАКЛЕЈСКИ КЛИМЕНТ
Македонска православна црква

СКЕНДЕР БУЗАКУ
секретар на муфтиство на Исламската верска заедница

ТОМЕ КОЛЕВ
Католичка црква

ВИЛМА ВЕНКОВСКА-МИЛЧЕВ
Евангелско-методистичка црква

МИМОЗА ШУМКОВСКА- ВЕЛЈАНОВСКА
Еврејска заедница во Република Македонија



 

 

 

 


 








 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click