Активности на Парламентарен институт

22 септември 2017 година

ЕДНОДНЕВЕН СЕМИНАР НА ТЕМА ДЕМОКРАТИЈАТА И СОБРАНИЕТО ЗА УЧЕНИЦИ ОД СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Ученици од пет средни училишта од Струмица, Тетово, Богданци, Македонска Каменица и Скопје, придружувани од нивните наставници, учествуваа на еднодневен едукативен семинар со работен наслов "Демократијата и Собранието". Семинарот се одржа на 22 септември, во Едукативниот центар на Парламентарниот институт.

Целта на семинарите е приближување на работата на Собранието на Република Македонија до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за придобивките од демократијата.

Низ теоретски предавања, видео проекции и игри, учениците ги утврдија и проширија своите знаења за демократијата, парламентарната демократија и нејзиниот историски развој во Македонија, за принципот на поделба на власта, за местото и улогата на Собранието во политичкиот систем на Републиката, за изборот на народните претставници, постапката на донесување закони во Собранието и сл.

На присутните ученици и наставници им беше доделен сертификат за учество на семинарот.

Исто така, учениците имаа несекојдневна можност одблиску да го запознаат Собранието преку организирана обиколка на неговите најрепрезентативни простории.