Активности на Парламентарен институт

20 октомври 2017

Еднодневен семинар наменет за студенти од правни и политички студии

Студенти од прва година запишани на правни и политички студии на Правниот факултет  при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, учествуваа на едукативен еднодневен семинар, кој се одржа на 20 октомври во Едукативниот центар на Парламентарниот институт.

На семинарот студентите беа запознати со правните норми по кои се одвива парламентарниот живот и дејноста на пратениците во Собранието на Република Македонија.

Областите кои се обработуваа се тесно поврзани со она што се изучува во склоп на предметот парламентарно право, како што се: составот, структурата и внатрешната организација на Собранието; правата и должностите на пратениците; основните надлежности на Собранието со посебен акцент на постапката за донесување закони; парламентарната демократија и нејзиниот историски развој во Македонија.

На крајот на семинарот студентите имаа можност низ организирана обиколка да го разгледаат свечениот дел на зградата на Собранието, како важно обележје на македонската државност.